КЛЕКОВСКИ УДРИ ВРЗ ЛАГИТЕ НА ДУИ Велика Британија и САД први партнери на Владата, нема руска закана
Клековски посочи дека финансиската рамка од 6 милијарди евра, од кои во првата фаза ќе се искористи една третина, покажува дека Министерството за финансии внимава на нивото на задолжување.
Првите надворешно-политички чекори на новата Влада се со САД и Велика Британија, што директно ги побива параноичните кампањи на ДУИ и СДСМ за наводна руска закана и проруска ориентација на ВМРО-ДПМНЕ, изјави директорот на Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ), Сашо Клековски во вечерашното гостување во подкастот НАТКАСТ со Љупчо Цветановски.
Според него, токму договорот со Велика Британија е доказ за стратешкиот правец што го зазема Владата.
– Со договорот со Велика Британија се обезбедуваат финансии за значајни сектори за Македонија. Премиерот Христијан Мицкоски неколку пати нагласува дека здравството е еден од врвните приоритети за оваа Влада и тоа се покажува на дело. Во првиот пакет проекти кои се договараат се завршувањето на Клиничката болница во Штип, зграда за Медицинскиот факултет и нов студентски дом во Штип, како и завршување на кичевската болница која заедно со струмичката болница е рекордер по должината на градење, двете се почнати пред повеќе од 30 години. Се планира и реконструкција на Клиничката болница во Тетово – рече тој.
Клековски посочи дека финансиската рамка од 6 милијарди евра, од кои во првата фаза ќе се искористи една третина, покажува дека Министерството за финансии внимава на нивото на задолжување.