Клековски: Со ваквите избори во СДСМ само Заев во однос на другите функционери ќе има легитимитет, а тоа води до поголема автократија

Тој во своето гостување изјави дека за него прашањето е дали изборите во СДСМ и сликањето на министрите дека гласале на изборите е поважно од катастрофата во која сме и која и не гледаме како ќе излеземе.

4,342

Аналитичарот Сашо Клековски смета дека внатрепартиските избори во СДСМ за избор, односно реизбор на Зоран Заев за претседател, кои се одржаа денес и во кои на гласачкото ливче има само еден кандидат, ако не се спроведат следните чекори од процедурата за демократија можат да доведат до поголема автократија.

Во централниот Дневник на телевизија Сител истакна дека со ваквиот начин на избор на претседател во партијата на власт само Заев ќе има легитимитет во однос на другите функционери, дека тој е избран од членството а функционерите се назначени.






– Демократијата е процедура, политичка култура и пред се натпревар на идеи. Ваквиот чекор на внатрепартиски избори со еден кандидат ако не се следат и другите чекори во поглед на демократијата, можат да доведат до уште поголема автократија, затоа што само претседателот на СДСМ ќе има легитимитет затоа што ги избира членовите. Сите други органи Централен одбор, Извршен одбор, Оштинските комитети ќе имаат помалку легитимитет отколку претседателот кој што е избран на директни избори – рече Клековски.

Затоа велам, додаде тој, покрај огромната критика дека СДСМ не најде сили овие избори да бидат натпревар, овој чекор мора да биде следен со други чекори, затоа што инаку би довело до заробување и затворање на партијата.

– Други функционери во СДСМ мора да бидат избрани со јасен легитимитет, пратениците на СДСМ да бидат избрани со јасен легитимитет. Инаку, ова ќе води кон понатамошно затварање и заробување на партиите од каде што почнува заробувањето на државата – истакна Клековски.

Тој во своето гостување изјави дека за него прашањето е дали изборите во СДСМ и сликањето на министрите дека гласале на изборите е поважно од катастрофата во која сме и која и не гледаме како ќе излеземе.

– За мене е поважно министерот за здравство, Венко Филипче наместо да се слика како го пушта гласачкото ливче на избори со еден кандидат, да се слика дека е во Брисел, во Берлин, во било каде, може во Пекинг да биде, може да биде во Москва, и работи на обезбедување на пристојни количини на вакцини – посочи тој.

– Мое очекување е дека Мила Царовска ќе излезе со план како во септември ќе имаме образовен процес со физичко одвивање на наставата, бидејќи не смееме да си дозволиме да имаме трета година вонредна состојба во образованието. Моето очекување е да го имаме Османи во Мадрид, да не му е приоритет признавање на Косово, кое секако не зависи од Македонија, туку да му биде приоритет да набави вакцини или да Артан Груби и Албин Курти од Приштина не излезат со заедничка изјава не за пописот, туку да Македонија, Косово, Албанија, Црна Гора и Босна имаат заедничка изјава, да ја повикаат Европската Унија сега да ја демонстрира солидарноста со нас. Убави зборови од ЕУ за нас не ни требаат, сега е моментот каде што дали навистина дали ЕУ се грижи за нас – рече Клековски.

Поврзани содржини