КЛАТИ ВРАТА, ЗИМАЈ ПЛАТА Административец си ѕвонел и „зборувал“ на телефон 32 пати
Не е лесно да се преправаш дека зборуваш на мобилен цели 55 часа, а тоа е приближно колку една цела недела ефективна работа. Значи и во двата месеци од март до мај 2020 година, Андреас работел само една недела. Потоа бил повикан на разговор со претпоставениот. Тој од јануари 2021 почнал да работи од дома заради пандемијата, но тоа не ги спречило шефовите да го повикаат и да преземат мерки за она што се случувало во 2020 година.
Административците изгледа нејќат да работат и во други земји освен Македонија. Шведски даночен советник успеал 32 пати да се јави на самиот себеси и да „зборува“ само и само за да избегне да му дадат работна задача, пишува 24сата. Два месеци им требало на неговите колеги да сфатат што прави 28-годишниот Андреас, а сега му се заканува отказ.
Не е лесно да се преправаш дека зборуваш на мобилен цели 55 часа, а тоа е приближно колку една цела недела ефективна работа. Значи и во двата месеци од март до мај 2020 година, Андреас работел само една недела. Потоа бил повикан на разговор со претпоставениот.
„Наместо да прима телефонски повици, Андреас се јави на својот мобилен телефон, што резултираше со сигнал „зафатен“ во системот, така што дојдовните повици ги примаше некој друг“, стои во дисциплинскиот извештај на шведската даночна администрација, добиен од АФП.
Андреас од јануари 2021 почнал да работи од дома заради пандемијата, но тоа не ги спречило шефовите да го повикаат и да преземат мерки за она што се случувало во 2020 година.