Кластер Мој термин: Директорот позитивен на ковид-19
Мустафа седна на директорското столче на „Мој термин“ пред само една година, откако владата донесе повеќе одлуки за разрешување и именување на нови директори.
Директорот на Управата за електронско здравство – Мој термин, Рефик Мустафа кој потпаѓа под министерството за здравство е позитивен на ковид-19, а пет негови контакти со кои заедно работи ќе бидат 14 дена во самоизолација, неофицијално дознава „Фокус“.
Според нашите информации, в.д директорот се нашол на вчерашниот список на заразени од корона вирус, а на неговите контакти во петок им била направена епидемиолошка анкета. Тоа значи, дека се појавил и кластер-Мој термин во министерството за здравство, па сите тие во наредните 14 дена би работеле од дома.
Мустафа седна на директорското столче на „Мој термин“ пред само една година, откако владата донесе повеќе одлуки за разрешување и именување на нови директори.