КЛАСИЧНА ЗАКАНА За Османи објавата на Русија е надвор од нормална дипломатска комуникација

Османи најави консултации во Министерство за надворешни работи по што ќе се донесе одлука каква ќе биде македонската реакција на вчерашната објава на амбасадата на Русија во Северна Македонија на Твитер дека внимателно се евидентираат случаите на русофобија во голем број странски земји. 

310

Објавата на руската амбасада е непристојна и е класична закана, оцени министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на денешниот брифинг за новинарите во Скопје. Тој најави консултации во Министерство за надворешни работи по што ќе се донесе одлука каква ќе биде македонската реакција на вчерашната објава на амбасадата на Русија во Северна Македонија на Твитер дека внимателно се евидентираат случаите на русофобија во голем број странски земји.

– Оваа објава не е објавена само кај нас, туку и во сите земји во светот, пред сѐ, во Европа и ние ја интерпретираме како закана која што е надвор од нормалната дипломатска комуникација меѓу две држави. Имам организирано средба за да одлучиме која ќе биде нашата реакција, за што дополнително ќе информираме – вели Османи.

Поврзани содржини