Кладилници заработуваат на непостоечки натпревари

Олеснителна околност за кладилниците може да биде тоа што ги исплаќалевдобивките на непостоечките натпревари, но според проценката е дека од страствените обложувачи извлекле 100.000 евра.

855

Речиси неверојатна вест во време на пандемијата на коронавирусот. Иако нема натпревари заради пандемијата, одделни кладилници заработуваат на непостоечки натпревари. Неколку украински кладилници ја нудат за прогноза „Азов купот“, турнир најавен на Фејсбук страницата на Берданјск, клуб од регионалната лига на Запорожје, а „учесници“ биле и Лозавотка, Таврија и Мелитополчери.

Првиот ден на понуда биле натпреварите Берданјск-Лозоватка и Таврија-Мелитопол чери. Страниците кои соработуваат со кладилниците се наведен и составите на тимовите.






Понудата станала сомнителна кога кладилниците, кои го немале „Азов куп“ во понудата, ги пратиле известувачите на натпреварите. Тие наишле на затворени стадиони и на празни терени и ја алармирале полицијата. Олеснителна околност за кладилниците може да биде тоа што ги исплаќалевдобивките на непостоечките натпревари, но според проценката е дека од страствените обложувачи извлекле 100.000 евра.

Поврзани содржини