КИТАНОВ СИ ОДИ ОД ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ Владата го заменува со адвокатот Игор Милев
Милев на позицицјата во Телеком доажа од советничкото место на директорот на Царинската управа.
Зоран Китанов кој изминативе години беше владин претставник во Орборот на директори на Македонски телеком, се повлекува од функцијата – претседател на Одборот на директори, соопшти компанијата преку Македонската берза.
Китанов деновиве поднесе оставка од функцијата која треба да биде разгледана и усвоена од собранието на акционери на компанијата што треба да се одржи на 30 мај. Нема детали за причините поради кои китанов поднесува оставка на позицијата.
На претседателската позаиција во Одборот на директори во Македонски телеком Китанов беше од декември 2020 година.
На негово место Владата го предложи адвокатот Игор Милев. Тој на позицицјата во Телеком доаѓа од советничкото место на директорот на Царинската управа.
Милев бил и член на Државната изборна комисија, како и раководител на правната служба на акционерското друштво „Јака 80“ од Радовиш.
Како што се наведува во неговата биографија може да работи на компјутер, а има и основни познавања од Англискиот јазик.