Без струја во понеделник (8 ноември) ќе останат делови од општините Кисела Вода, Ѓорче Петров, Карпош и Гази Баба, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје по добиеното известување од ЕВН.
Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија од 08:30 до 12 часот ќе бидат корисниците ул. Баница бр. 29а во Општина Кисела Вода, од 09 до 14 часот корисниците од ул. Ѓорче Петров непарни броеви од бр. 85 до бр. 99 во Oпштина Ѓорче Петров, од 09 до 14:30 часот корисниците од ул. Благоја Давков бр. 25. во Oпштина Центар, од 09:30 до 13 часот корисниците од делови од улиците: Трнодол, Кнез Хацон, Јан Хус и Кнез Трпимир во Општина Карпош, од 10 до 14 часот корисниците од дел од ул. Востаничка броеви: 76, 78, 80, 82, 84 и дел од ул.Рилски Гонгрес бр.59 и 61 во Општина Кисела Вода и од 11 до 14:30 часот корисниците од ул. Зеничка во населба Железара во Општина Гази Баба.
РЦУК на Град Скопје по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација информира дека во понеделник поради санирање на уличен дефект на водоводна мрежа со пречник од Ф 80 мм, на улица Брсјачка Буна крстосница со ул. Овчеполска од 08:30 часот се до санирање на дефектот прекинато водоснабдување ќе имаат улиците Брсјачка Буна, Овчеполска и Тиквешка во Општина Шуто Оризари.