Кирил Пецаков кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Охрид
Мицкоски вели дека на овие локални избори ВМРО-ДПМНЕ ќе оди со сосема нови кадри.
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Пецаков, ќе биде кандидат на опозициската партија за градоначалник на Охрид.
– До крајот на месец јули очекувам 45 имиња да го поминат филтерот на партијата и да бидат потврдени од ЦК, за конечни кандидати за градоначалници. Едно од тие имиња е веќе објавено, а станува збор за пратеникот д-р Кирил Пецаков, кој што ќе кандидат за градоначалник на општина Охрид – информира Мицкоски.
Мицкоски вели дека на овие локални избори ВМРО-ДПМНЕ ќе оди со сосема нови кадри.