КИРИЈАТА ДА НЕ БИДЕ ПОВИСОКА ОД 3% ОД ВРЕДНОСТА НА СТАНОТ Левица предложи измени на законот за домување

Од партијата велат дека е ова првиот чекор во насока на целосно решавање на станбеното прашање низ систематски пристап, со што ќе се стимулира создавање нови семејства и економски клетки и ќе се успори иселувањето на младите. 

692

Киријата за стан да не може да биде повисока од 3% од вредноста на станот утврдена според Методологијата за утврдување на вредноста, предлагаат во дополнувањето  на Законот за домување пратениците од Левица – Димитар Апасиев и Борислав.

Како што соопшти партијата, во актуелниот закон не постои горна граница, туку со владина уредба се утврдува само најниската закупнина (од 2% од вредноста на становите).






-Со предложените законски решенија ќе се утврдат реални цени за закупнината преку кои за сопствениците на станови ќе се обезбеди правичен стандард и законски механизам за определување на цената за изнајмување, а за закупците сигурност и заштита од плаќање на прекумерни кирии за изнајмување, несоодветни за вистинската (реална) вредност на просторот. Вака ќе се подобри квалитетот, транспарентноста и вредноста на реалниот простор за домување на државно ниво и ќе се заштити правото на граѓаните за домување – велат од Левица.

Од партијата велат дека е ова првиот чекор во насока на целосно решавање на станбеното прашање низ систематски пристап, со што ќе се стимулира создавање нови семејства и економски клетки и ќе се успори иселувањето на младите.

-Предизвиците на новото време можат да бидат решени само низ егалитарен и левичарски пристап, кој ќе ја ослободи политиката и општеството од ненаситноста на желбата за профит – велат од Левица.

 

Поврзани содржини