КИРАЦА ТРАЈКОВСКА ПРВА ГО ПОВРЗАЛА ГРАБНУВАЊЕТО НА ВАЊА СО УБИСТВОТО НА ПАНЧЕ Таа го испратила синот Гоце да му помага на Александар

Јас видов објави дека Панче го нема. Интуиција. Се распрашувавме кој е човекот што го нема. Го поврзав син ми Гоце со роднина од Велес, за заедно да соработуваат и да продолжат да истражуваат. Најдоа снимка од Велес, од бензинска пумпа, каде се гледа Панче како го вози цитроенот и уште еден со него. Регистрацијата се гледаше, сведочеше Кираца Трајковска.

3,346

Палевски ми е зет од втора братучетка, Сашко е од старо кумство, другите обвинети не ги познавам, рече сведокот Кираца Трајковска на денешното судење за случајот со убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

Ви ја пренесуваме комуникацијата на јавниот обвинител со сведокот:






– Во какви релации сте со семејството Ѓорчевски?

– Старо кумство, од времето на женидбата со мојот свекор. Тие нам ни се кумови. Плус, Сашо одамна работеше во Фершпед. Во Фершпед бев заменик-генерален директор.

– Комунициравте ли често со семејството?

– Порано да, но после јас живеев во Белград, па поретко контактиравме со семејството Ѓорчевски. Со Сашко почето, оти и деловно работевме.

– Гоце, вашиот син, контактираше ли?

– Тој ни со најблиските не контактира многу, не се имаа видено одамна.

– Како дознавте за Вања?

– Ја видов објавата на Зорица на Фејсбук. Гоце ме праша кое е девојчето, му реков дека е на Сашко ќерката. На почетокот, јас, ќерка ми, зетот, зборувавме што ли е работата и на почетокот сметавме дека е во години кога можеби излегла да се прошета со момче, па зборувавме дали имала комуникации со други деца, па помисливме да не се работи за некоја врска со момче од некоја друга националност, на сѐ помислувавме.

– Кога се слушнавте со Зорица?

– Вечерта во 19:30 по исчезнувањето на Вања. Им напишав порака и на Зорица и на Саше, не сакав да им се јавувам за да им додевам, ми рекоа дека се во полиција во Беко. На Сашо му пишав дека Гоце ќе дојде да му помогне. Зорица ми напиша дека Сашко ќе излезе од полиција и дека ќе ме побара. Беше доцна, после полноќ, па јас на Гоце му го напишав бројот на Сашко, а на Сашко му ги пишав бројот на Гоце. Тие се слушнаа и се договорија да се видат утредента.

– Зошто мислевте дека Гоце ќе помогне?

– Па во тој момент сите бевме истражители. Знаеме дека во такви моменти родителите се збунети, се губат, не резонираат добро, па сакавме сите да помогнеме. Саше е мирен и повлечен, а Гоце има многу пријатели, па може ќе помогне. Вториот ден тргнаа по улиците да бараат камери. Гоце влегувал во кафулиња, во распаднати куќи во Дебар Маало, ја барале пешки. Се вклучија и други луѓе, ќерка ми го преобјави статусот од Зорица, и дента добивме сознание дека Вања влегла во бело возило. Јас тие денови бев во Белград, кај ќерка ми. Комунициравме преку телефон.

– Гоце ве известуваше ли?

– Да, за сѐ, за сета нивна работа ме известуваше Гоце по телефон.

– Што ви рече Гоце, како помагал?

– Одеше по улица и бараше по кои куќи и згради има камери. Тој забележал дека на самиот агол кај зградата, на паркингот кон хотелот, едно 10 метри од влезот, нема покриеност со камери. Гоце ми рече, девојчето се губи во самата зграда. Непријатно му било, но ја прашал Зорица дали Вања воопшто спиела ноќта дома. Зорица рекла да. Па ми рече дека е можно да ја грабнал некој педофил во зградата. Па ги викале другите станари од зградата, проверувале и во просторија во подрумот, дошол некој човек да им отвори, виделе дека и таму е празно. За да добие снимки од еден дуќан дури лажно се претставил дека е инспектор. На едни снимки ја виделе Зорица како трча по улицата.

– Што точно му станало сомнително на Гоце?

– Два дена се бараше девојчето на снимки за да се види пешки дали ја има, а третиот ден решија да бараат коли. На една снимка видоа издувни гасови од кола која тргнува во тој момент, и бело возило пикап пред тоа возило. Кога ја најдоа сомнителната кола, најдоа информација дека е исчезнат Панче Жежовски. Гоце провери преку пријатели, дозна каква кола има Жежовски, дека е истата боја како на снимките што ги гледавме. Ние се посомневавме во Жежовски. Помисливме дека тој ја зел, му ги проверив сите профили на Фејсбук… сешто помисливме, да се извинам на семејството на Жежовски. Јас го поврзав со еден мој роднина од Велес, јас сум по мајка велешанка, најдовме и други снимки.

– Се познавате ли со Палевски?

– Да, тој ми е зет, деловен партнер, одевме на кафе, дискутиравме.

– Со што се занимаваше тогаш Палевски?

– Со трговија, со весници.

– Имаше ли финансиски проблеми?

– Порано не, потоа да, но така е во бизнискот, а финансиските проблеми се решаваат со позајмици, со банки…

– Колку работеше, а колку не работеше Александар?

– Десетина години работеше кај нас, па во Кометал, па пак во Фершпед.

– Се познавате ли со земејството на Зорица?

– Да.

– Дали ви е познато дали семејството на Александар имало контакти со Палевски?

– Немале, не можам да тврдам 100%, ама тие не се познаваа.

– Дали ви е познато нешто за станот на Н.Н.Борче?

– Единствено дека Ванчо го купи на времето, додека се правеше зградата. Го купил на кредит.

– Во моментот на настанот, познато ли ви е чиј е станот на Н.Н. Борче?

– Да, на Сашко.

– Дали Гоце ви ја испрати снимката од цитроенот?

– Не, сѐ ми испраќаше како скриншот. На скриншотот беше возилото, времето, се гледаше бојата, дека е старо. Таблиците не се гледаа. Марката на возилото не се гледаше.

– Кој заклучи дека е тоа возилото на Панче?

– Јас видов објави дека Панче го нема. Интуиција. Се распрашувавме кој е човекот што го нема. Го поврзав син ми Гоце со роднина од Велес, за заедно да соработуваат и да продолжат да истражуваат. Најдоа снимка од Велес, од бензинска пумпа, каде се гледа Панче како го вози цитроенот и уште еден човек со него. Регистрацијата се гледаше.

Прашања поставуваше и Владимир Туфегџиќ, адвокат на Александар Ѓорчевски:

– Само од Гоце ли добивавте информации што се случува?

– Да.

– А од Александар?

– Не.

Прашања поставуваше и првообвинетиот Љупчо Палевски:

– Дали Гоце ви спомнал дека јас сум бил очув на Вања?

– Не.

Дали ви е познато дека за време на претресот во станот на Иванка, мајката на Александар, вашиот син Гоце на полицајците им рекол дека Александар е основач на партијата Десна?

– Не.

– Дали според вас, јас би можел да ја убијам Вања?

– Не. Дури и ако биле причина парите, не.

ДОЖИВЕАЛ ПАНИЧЕН НАПАД ПРЕД СУДЕЊЕТО Сведокот Гоце Трајковски не се појави во судницата

Поврзани содржини