КИРЈОС СО ЕДЕН ЗБОР ГО ЗАМОЛЧА КРИТИЧАРОТ НА ЃОКОВИЌ Не му дозволи да ја нападне Сабаленка

Ова изгледа ужасно и е опасно за луѓето на теренот. Сабаленка има среќа што не испадна полошо, како што беше случајот со Ботик ван де Зандшулп минатата недела, напишал новинарот Ротенберг. Познатиот тенисер му возвратил само со „Замолкни“.

350

Најгласниот критичар на Новак Ѓоковиќ, американскиот новинар Бен Ротенберг, се обидел да ја нападне и белоруската тенисерка Арина Сабаленка по еден контроверзен потег, но австралискиот тенисер Ник Кирјос му возвратил кратко и остро со „Замолкни“, јави „TalkSport“.

Што се случило на теренот? Во полуфиналето на турнирот во Вухан, Арина Сабаленка ја изгубила контролата во третиот сет против Џесика Пегула. По загубен поен, фрлила рекет и речиси погодила собирач на топчиња. Потегот предизвикал бура реакции, но судиите ја поштедиле од дисквалификација.

 






Американскиот новинар Бен Ротенберг, познат по својата константна критика на Ѓоковиќ, реагирал дури по неколку дена, пишувајќи на Икс:

„Ова изгледа ужасно и е опасно за луѓето на теренот. Сабаленка има среќа што не испадна полошо, како што беше случајот со Ботик ван де Зандшулп минатата недела“.

Притоа, Кирјос, кој често зборува без влакна на јазикот, не издржал. Само му одговорил:

„Замолкни“.

Оваа реакција добила поддршка од бројни тениски фанови кои сметаат дека Ротенберг користи двојни стандарди кога се работи за тенисерите кои не му се по мерак.

 

Поврзани содржини