КИНЕЗИТЕ ЗАПОЧНАА СО ВОЕНАТА ВЕЖБА Тајван е под целосна блокада
Медиуми пишуваат дека Кина неделава спроведува неколкудневни целни воени вежби во зоните околу Тајван, како одговор на посетата на претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси.

Претходно денеска беше изразен сомнеж дека дронови летале над тајванските острови и оти била хакирана страницата на интернет на тајванското Министерство за одбрана, ден по посетата на Пелоси.
Кина, која го смета Тајван за своја територија, денеска наведе дека нејзините несогласувања со островот се внатрешна работа.
„Нашето казнување на застапниците за независност на Тајван од надворешни сили е разумно, законско“, објави кинеската канцеларија за тајвански прашања.