📽️ КИНЕЗИТЕ ГО ОДНЕСОА ЈОКИЌ ВО ШТАЛА Домаќините знаат што сака центарот на Денвер Нагетс

Освен со коњите, Јокиќ се најде и во улога на патник. Се натпреваруваше со „супер-брз“ воз, учеше кинески, а имаше и кратка размена со локалните фанови кои ентузијастички го поздравија со аплаузи и подароци.

952

Еден од најдобрите кошаркари на светот, центарот на Денвер Нагетс, се најде во жижата на вниманието во Кина каде промовира патики за брендот 361°. Организаторите, знаејќи за неговата љубов кон коњите, му овозможија да помине ден во штала со своите омилени животни.

Јокиќ, видливо среќен, ги хранеше и шеташе коњите, а на крајот од денот доби необичен подарок од обожавател – скулптура на коњска глава изработена од патики.

 






Освен со коњите, Јокиќ се најде и во улога на патник. Се натпреваруваше со „супер-брз“ воз, учеше кинески, а имаше и кратка размена со локалните фанови кои ентузијастички го поздравија со аплаузи и подароци.

Турнејата на кошаркарот низ Кина започна на 17 јули и траеше до 21 јули, опфаќајќи 6 градови.

Се појавија и првите реакции на социјалните мрежи:

„Никогаш не изгледал толку среќен“, напиша еден интернетџија на Реддит.

Поврзани содржини