КИНЕЗИТЕ ГИ ОТВОРИЈА ГРАНИЦИТЕ, ЧЕКААТ СТРАНСКИ ТУРИСТИ И СЕ СПРЕМААТ ДА НИ ДОЈДАТ НА ГОСТИ Короната пак беснее, но кому му е грижа за тоа?

Оваа сезона, во екот на Лунарната Нова година, се очекуваат околу 2 милијарди патувања, речиси двојно повеќе од лани. Од друга страна, во многу градови пандемијата пак зема замав. Но, Кинезите се решени да пречекуваат странски туристи и да ни доаѓаат на гости. Кој ќе ги спречи?

291

Кина во неделата на 8 јануари, првпат по речиси три години, повторно ги отвори своите граници и ги укина мерките за карантин за меѓународните посетители, иако земјата се бори со порастот на бројот на заразени луѓе со коронавирус.

На странските посетители сепак ќе им треба негативен ПЦР тест направен 48 часа пред патувањето.






Отворањето на границата уследи по саботниот почеток на „чун јун“, 40-дневниот период на Лунарната Нова година. Пред пандемијата, тоа беше најголемата годишна миграција во светот, бидејќи луѓето се враќаа во своите родни места или летуваа со семејството.

Оваа сезона се очекуваат околу 2 милијарди патувања, речиси двојно повеќе од лани. Се очекува и многу Кинези да почнат да патуваат во странство, што е долгоочекуваната промена за туристичките места во земји како Тајланд и Индонезија. Но, неколку влади, загрижени од порастот на случаите на ковид во Кина, им наметнуваат ограничувања на патниците од таа земја.

Во изминатите три години, Кина имаше една од најстрогите здравствени политики во светот, што резултираше со бројни ограничувања, чести барања за тестирање, а самата политика имаше значително влијание врз економијата на земјата.

Владата неодамна отстапи од таа политика, по масовните протести низ целата земја, предизвикани од пожар во висококатница во регионот Ксинџијанг, при што загинаа 10 лица поради тогашните ограничувања на движењето.

На шалтерите за пријавување на меѓународниот аеродром во Хонг Конг веќе се формираа долги редици за летови до градовите на копното, вклучувајќи ги Пекинг, Тијанџин и Ксијамен. Медиумите во Хонг Конг проценија дека илјадници минувале, се вели во извештајот на Ројтерс.

– Толку сум среќна, толку возбудена. Не сум ги видела моите родители многу години“ – изјави жителката на Хонг Конг, Тереза ​​Чоу, додека таа и десетици други патници се подготвуваа да преминат во Кина од контролниот пункт Лок Ма Чау во Хонг Конг.

– Моите родители не се во добра здравствена состојба и не можев да се вратам да ги видам дури и кога имаа рак на дебелото црево, па навистина сум среќна што се враќам и ќе ги видам сега – рече таа.

Инвеститорите се надеваат дека повторното отворање ќе ја заживее економијата од 17 трилиони долари, која го бележи својот најбавен раст во речиси половина век. Но, наглиот пресврт на политиката предизвика и масовен бран на инфекции, што преплавува некои болници и предизвикува прекини во бизнисот.

Патувањата нема брзо да се вратата на нивото пред пандемијата и поради други фактори, како што е недостигот од меѓународни летови, велат аналитичарите.

Кина во неделата продолжи со издавање пасоши и патни визи за жителите на копното и обични визи и дозволи за престој за странци. Пекинг има квоти за бројот на луѓе кои можат да патуваат меѓу Хонг Конг и Кина секој ден.

(Фотографија: МИА)

Погледнете го извештајот на Ал Џезира:

Поврзани содржини