КИНЕЗИТЕ ЈА СТАВИЛЕ СКОКАЛНИЦАТА ДО „НУКЛЕАРКА“ Луѓето играат мајтап со Игрите во Пекинг (ФОТО)

„Оваа фотографија ме прави толку лут. (И ние) треба да имаме нуклеарни реактори до нашите скијачки терени“, напиша еден навивач на Игрите покрај сликата од стазата за скијање во слободен стил.

351

Стазата за скијање во слободен стил на Зимските олимписки игри во Пекинг се наоѓа веднаш до четири огромни бетонски кули од „нуклеарна централа“, а фотка во која тоа очигледно е видливо ги разбесни луѓето на социјалните мрежи. Луѓето зборуваат дека самиот објект е далеку од ски-терените и дека глетката на индустриски електрани со ништо не ги инспирира спортистите, пишува ФоксЊуз.

 






„Искрено, што правиме ние овде?“, на Твитер напиша еден навивач.

Сноубордерот Пол О’Брајан се согласи, велејќи дека поради овој пејзаж ниту еднаш не посакал „да си оди од планина“.

Друг навивач сугерираше дека навидум чудното позиционирање на скокалницата има врска со „парите и корупцијата“.

„Настрана парите и корупцијата… како Олимпискиот комитет ѝ дозволува на Кина да се извлече со поставувањето на големиот настан среде пустош на нуклеарна централа?“, напиша тој.

Новинарот на Си-Би-Ес, Ник Старлинг, ја повтори сличната мисла кога ја ретвитна фотографијата од скокалницата во преден план на бетонските кули, пишувајќи: „Не можеш, а да не ја видиш позадината со нуклеарната централа“.

Сепак, не беа сите толку груби со коментарите. Еден новинар рече дека луѓето што се расправаат со конкретната позадина биле „губитници“. Друг американски гледач се пошегува дека на нуклеарката треба да ѝ се завидува, а не да се презира.

„Оваа фотографија ме прави толку лут. (И ние) треба да имаме нуклеарни реактори до нашите скијачки терени“, напиша тој покрај сликата од скокалницата.

Поврзани содржини