КИНЕСКО ГОРИВО НА ИДНИНАТА, ЧЕКА НА МЕСЕЧИНАТА Откриен е Чангезитот, со него ќе можеме да ја потпалиме фузијата

Чанге е името на древната кинеска божица на Месечината. Се чини дека овој наш природен сателит допрва ќе стане „јаболко на раздорот“ меѓу големите светски сили, токму поради хелиум-3. Да се направи фузија со овој елемент значи дека нема да има воопшто радијација како нус-појава, за разлика од сегашните изотопи на водород, дритиум и деутериум кои се користат во експериментите.

932

Минерал крстен Чангезит(Y) пронајдоа Кинезите на Месечината со помош на дифракција на рендгенски Х-зраци. Кристалот е извор на хелиум-3 изотоп на гасот хелиум кој може да биде гориво на иднината. Претходно, нови минерали на Месечината пронајдоа и САД и СССР. Но, кинескиот кристал ќе може да се користи во т.н. мотори на фузија кои, ако проработат можат да даваат бесплатна енергија за човештвото со векови, пишува Б92.

Што е фузија? Тоа е процес обратен од нуклеарната фисија, цепкањето на атомот кое го има во стандардните нуклеарни централи. Фузијата е начинот на кој работи нашето Сонце, на пример. Тоа има енергија да гори со милијарди години. Кина и неколку земји во светот имаат експериментални фузиони реактори. Проблемот е што тие не можат да ги запалат овие машини, туку ја одржуваат искрата да гори нешто повеќе од секунда. Ако таа убаво се разгори може да обезбеди чиста енергија за цели континенти, а да биде управувана со магнети кои нема да дозволат реакторот да прегрее.






Новиот минерал пронајден на Месечината би можел да биде погодно гориво. Следна мисија на Кина ќе биде да се проба со помош на ровер да се ископа ваквиот минерал од темната страна на Месечината. Мисијата Чанге-5, која слета во регионот Oceanus Procellarum во декември 2020 година, беше првата мисија за враќање на примероци од нашиот природен сателите од 1970-тите.

Мисијата собра 1,73 килограми примероци од лунарната почва и безбедно ги достави на Земјата, што доведе до серија откритија. Кристалите на минералот беа исклучително мали, со големина колку една десетина од прамен човечка коса.

Чанге е името на древната кинеска божица на Месечината. Се чини дека овој наш природен сателит допрва ќе стане „јаболко на раздорот“ меѓу големите светски сили, токму поради хелиум-3. Да се направи фузија со овој елемент значи дека нема да има воопшто радијација како нус-појава, за разлика од сегашните изотопи на водород, дритиум и деутериум кои се користат во експериментите.

Но, има и еден проблем. Да се одржи контролирана експлозија со хелиум-3 би било уште потешко отколку со сегашните елементи. Тоа значи дека полесно е да се запали чкорчето, но многу е тешко да се одржува на таков оган на кој ние сакаме да гори.

Ако се има предвид дека научниците од крајот на 1980-тите години бараат начин како да го направат ова, а секоја година сме бомбардирани со статии кои велат дека ете уште малку треба за реакторите да проработат, испаѓа дека фузијата како технологија уште не ни е на дофат.

Поврзани содржини