КИНЕСКИТЕ ЛЕГЕНДИ СЕ ПОТВРДУВААТ!? Пронајден е целосно сочуван фосил кој личи на змеј

Целосниот фосил, што е реткост поради неговата големина, е 5 метри долг воден рептил од тријаскиот период. „Змејот“ првпат бил идентификуван во 2003 година, но научниците досега не успеале да ја проучат целосната анатомија на животното, според ново истражување објавено од научен журнал во Единбург.

4,075

Сочуван фосил што личи на змејовите од кинеските легенди е откриен во Кина. Фосилот датира од пред 240 милиони години. Го добил прекарот „змеј“ поради долгите врат и опашка, иако вистинското име на древното животно е „Динокефалосаурус ориенталис“.

Целосниот фосил, што е реткост поради неговата големина, е долг 5 метри. Тоа е воден рептил од тријаскиот период. „Змејот“ првпат бил идентификуван во 2003 година, но научниците досега не успеале да ја проучат целосната анатомија на животното, објави научен журнал во Единбург, Шкотска.






Д-р Ник Фрејзер од Националните музеи Шкотска, кој е дел од меѓународниот тим кој го проучуваше фосилот, рече дека научниците првпат успеале целосно да го видат фосилот.

– Ова откритие првпат целосно ни овозможува да го видиме ова извонредно животно со долг врат. Сигурни сме дека ќе ги плени фантазиите на луѓето низ целиот свет бидејќи личи на долгиот и митски кинески змеј сличен на змија – рече д-р Фејзер.

Зборувајќи за Би-Би-Си, д-р Фрејзер го опиша ѕверот како „многу чудно животно“.

– Ова откритие само ја зголемува чудноста на Тријасот – додаде тој.

 

Поврзани содржини