КИНЕСКИТЕ ЦАРИНИ ЦЕЛАТ НА ТРАМПОВИТЕ ИЗБИРАЧИ Ако царинската војна потрае Кина ќе има еден голем проблем

Дејвид Рени, уредник за геополитика на магазинот Економист, во гостувањето на Би-Би-Си рече дека Кина внимателно го испланирала својот одговор на царините на Трамп.

746

Царинската војна меѓу Кина и САД се разгоре откако вчера  Пекинг му возврати на Вашингтон со царина од 84%, на што американскиот претседател, одговори со зголемување на царините од 104 на дури 125 отсто.

Ова доаѓа по вчерашната одлука на Трамп да ги замрзне на 90 дена царините на сите земји освен на Кина.






Дејвид Рени, уредник за геополитика на магазинот Економист, во гостувањето на Би-Би-Си рече дека Кина внимателно го испланирала својот одговор на царините на Трамп.

Тој тврди дека Пекинг во својот арсенал на мерки има и краткорочни и долгорочни контрамерки.

Рени, кој неодамна разговараше со официјални лица и експерти во кинеската престолнина, наведува дека Кина трговската војна ја видела уште во најавите на Трамп  уште за време на кампањата за претседателски избори лани.

– Кина сака да планира. Таа сака петгодишни планови. Многу ѝ е тешко да се справи со американски претседател кој размислува само за трансакции. Тие се подготвуваа многу внимателно долго време. Работеа на подготовка на краткорочна одбрана конкретно против САД и на некои долгорочни обиди за преобликување и ребаланс на целата нивна економија за да не зависи толку многу од извозот – рече Рени.

Тој го објасни ова со примерот на кинеските царини за увоз на соја од САД кои директно влијаат на гласачката база на Трамп во американскиот среден запад, каде што се занимаваат со одгледување соја, додека Пекинг може да ја обезбеди оваа суровина и од Бразил и Аргентина.

– Тие во Пекинг мислат вака: Што да направиме што ќе им наштети на гласачите на Трамп и ќе го привлече вниманието на Трамп, додека ние можеме да го купиме на друго место – рече Рени

Сепак, Кина минатата година продаде стоки во вредност од 440 милиони долари на Америка, околу три пати повеќе од износот на увозот од САД.

Според  Рени, сега „огромна дипломатска и геополитичка главоболка за кинеското раководство“ е прашањето каде Кина да ги продава стоките што требало да завршат во САД.

–  Кина има дополнителен проблем со тоа, ако Америка остане затворена за увоз од Кина, таа стока мора да оди на друго место. Во Пекинг ми беше кажано дека Кина е веќе многу загрижена дека може да заврши со влошување и да ги отежни односите со Европа, па дури и со партнерите во Латинска Америка, на глобалниот југ. Тоа е затоа што ако надојдениот  бран на кинески стоки ги преплави тие пазари и им наштети на вработувањето и работните места во тие земји бидејќи тие не можат да се продаваат во Америка, тоа е огромна дипломатска и геополитичка главоболка за кинеското раководство – вели Рени.

Поврзани содржини