КИНЕСКИ МЕДИЦИНСКИ МАТЕРИЈАЛ САКАЛЕ ДА ГО ПРОШВЕРЦУВААТ КАКО ГЕРМАНСКИ Царината заплени 2.500 инфузиски медицински сетови

Со оглед на тоа дека сетовите за инфузија не се во согласност со медицинските стандарди во државата, не се безбедни за употреба и за нив не е издадено одобрение за увоз, стоката е запленета и истата ќе биде уништена, а против увозникот е поведена соодветна постапка.

140

Царинската управа годинава запленила повеќе од 10.000 парчиња лекови. Последната заплена се случила деновиве кога  се откриени 2.500 инфузиски медицински сетови – игли, шприцеви, канили и системи за инфузија, ризични по здравјето на граѓаните.

Оваа информација ја сподели директорот на Царинска управа, Бобан Николовски.






– Случајот е откриен при детална контрола на инфузиски медицински материјал – игли, канили и системи за инфузија, при што е констатирано е дека истите се кинеска стока, а не германска која била предмет на дозвола за увоз. Со оглед на тоа дека сетовите за инфузија не се во согласност со медицинските стандарди во државата, не се безбедни за употреба и за нив не е издадено одобрение за увоз, стоката е запленета и истата ќе биде уништена, а против увозникот е поведена соодветна постапка – рече Николовски.

Директорот воедно информира дека минатата година се спречени два меѓународни канали за нелегална трговија со анаболични стероиди при што запленети се 600.000 килограми супстанци штетни по здравјето на граѓаните.

Поврзани содржини