Кинески доктор од Вухан: Во белите дробови на починатите најдовме леплива слуз

Тој наведува дека првата аутопсија била направена на 16 февруари, а патолошките наоди од таа аутопсија укажуваат на тоа дека Ковид-19 има огромна сличност со САРС, но и дека оваа болест има и други карактеристики.

8,005

Аутопсиите што биле направени на починатите од коронавирусот во кинескиот град Вухан откриле информации од витално значење за клиничкиот третман на болеста. Ова го открива кинескиот форензичар Лиу Лангoд, професор на Медицинскиот факултет во Вухан.

Тој наведува дека првата аутопсија била направена на 16 февруари, а патолошките наоди од таа аутопсија укажуваат на тоа дека Ковид-19 има огромна сличност со САРС, но и дека оваа болест има и други карактеристики.






– Според извештаите од извршената аутопсија, лесно беше да заклучиме дека коронавирусот предизвикува дистална алвеоларна штета, а во дишните патишта кај човекот беше пронајдена голема количина леплива слуз. На пример, нормалното белодробно крило на допир е како сунѓер, бидејќи во него има воздух. Но, белодробното крило заразено од коронавирусот е далеку од сунѓер. Всушност, тоа повеќе не е белодробно крило, туку е консолидација – изјавил Лангод во интервју дадено за кинеските медиуми минатиот месец.

Поврзани содржини