Кинески дипломат гази по луѓе во пацифичката држава Кирибати – замислете, тоа било локална церемонија за добредојде! ФОТО

1,091

Оваа фотографија, на која се гледа како кинескиот амбасадор во државата Кирибати гази по грбовите на луѓе кои лежат на земја, предизвика спротивставени коментари во медиумите и на социјалните мрежи.

Кирибати е островска земја во Тихи Океан и ова се смета вообичаена локална церемонија за добредојде. Па сепак, многу луѓе жестоко ги критикуваа кинескиот амбасадор Танг Сонгген, кој ја посети оваа земја во почетокот на август и во таа прилика прифатил да биде дел од церемонијата.






Во коментарите доминира оценката дека однесувањето на кинескиот дипломат е неприфатливо, без оглед на локалната традиција.

Поврзани содржини