Кинеската ракета ита кон Земјата: Во ризична зона се и Грција и Италија
Европската вселенска агенција, пак, предвиде „ризична зона“ каде би можела да падне и таа ја опфаќа површината на платената земја помеѓу 41,5 степен северна и јужна географска ширина.
Дел од големата кинеска ракета „Лонг марч 5Б“, долга 30 метри и тешка околу 22 тони, што ја лансираше Кина за својата вселенска станица Тијанх неконтролирано се враќа назад кон Земјата.Очекувањата се таа да влезе во земјината атмосфера помеѓу 8-10 мај, но поради брзината со која се движи не може точно да се одреди каде би паднала.
Европската вселенска агенција, пак, предвиде „ризична зона“ каде би можела да падне и таа ја опфаќа површината на платената земја помеѓу 41,5 степен северна и јужна географска ширина. Оваа површина од планетата земја ги вклучува цела Америка јужно од Њујорк, цела Африка и Австралија, делови од Азија – јужно од Јапонија, како и делови од Европа – Шпанија, Португалија, Италија и Грција.