КИНЕСКАТА АРМИЈА Е ВО ЗАВРШНИ ПОДГОТОВКИ ПРЕД ИНВАЗИЈАТА? Објавени се „црвените линии“ на Кина

Пред извесно време, претседателот на САД Џо Бајден, посочи дека тој е посветен на одбраната на Тајван од евентуална кинеска инвазија. Од Пентагон потоа истакнаа дека Пекинг е во завршни подготовки пред започнувањето на воената инвазија.

1,775

Канцеларијата за тајвански прашања на Кина, објави мошне интересно соопштение, кое многумина го протолкуваа како објавување на „црвените линии“ на земјата, во врска со Тајван.

Ма Шиаогуанг, портпаролот на канцеларијата одговорна за имплементација на политиките на Пекинг на одметнатите острови, посочи дека прогласувањето на независност на Тајван од страна на сепаратистите ќе предизвика остра реакција на Кина.






– Ќе бидеме принудени на драстични мерки, доколку сепаристичките сили се обидат да ја спречат реунификацијата на нацијата. Нема да дозволиме никакво странско мешање во внатрешните работи на Кина – изјави Шиаогуанг.

Иако, „црвените линии“ на Кина во однос на Тајван никогаш не биле јасно дефинирани, за многумина е новина што Пекинг одбива било какво мислење од трета страна и во односите со Тајпеј гледа како на внатредржавни односи.

– Силите од странство, во корелација со сепаратистите од Тајпеј во наредните неколку месеци ќе се обидат да направат сè за Тајван да стане независна држава, но Кина тоа нема да го дозволи бидејќи нивната операција ќе ги премине црвените линии – истакна тој.

Шиаогуанг одби да појасни дали Кина ќе ја употреби армијата за да го завземе Тајван, но призна дека неговата земја е подготвена на секакво сценарио.

Пред извесно време, претседателот на САД Џо Бајден, посочи дека тој е посветен на одбраната на Тајван од евентуална кинеска инвазија. Од Пентагон потоа истакнаа дека Пекинг е во завршни подготовки пред започнувањето на воената инвазија.

Тајван повеќе од 70 години е надвор од директната јурисдикција на Пекинг, а иако голем број на земји соработуваат со одметнатата кинеска провинција, сепак, мал број на земји ја имаат признаено како независна држава.

Поврзани содржини