Кинеската амбасада донираше 310 таблети за учениците од општина Гази Баба

Амбасадорот Џанг Ѕуо при посетата на општина Гази Баба посочи дека и пред глобалната пандемија, двете влади и народите на двете земји си помагаа едни на други, за да ги надминат тешкотиите заедно

424

Општина Гази Баба е се поблиску до обезбедување на потребната бројка на таблети за сите учениците од ранливите категории.

Денеска кинескиот амбасадор Џанг Ѕуо на средбата со градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски донираше 310 технички уреди за децата кои немаат како да ја следат он лајн наставата.






Амбасадорот Џанг Ѕуо при посетата на општина Гази Баба посочи дека и пред глобалната пандемија, двете влади и народите на двете земји си помагаа едни на други, за да ги надминат тешкотиите заедно

– Вирусот не познава граници, но постои вистинска љубов која го грее светот. Воедно дозволете ми да Ви се заблагодарам почитуван градоначалнику г-дин Борис Георгиевски за Вашата помош и поддршка во реализацијата таблетите да дојдат во вистинските раце. Денес ги донираме овие таблети, во надеж дека ќе им помогнеме на децата, да ги надминат тешкотите за време на сегашниот тежок период, да продолжат внимателно со учењето и да напредуваат континуирано. Се надевам, наскоро, младите ќе прераснат во градители на просперитетот на Република Северна Македонија, и ќе бидат учесници во изградбата на пријателските односи меѓу Кина и Северна Македонија и соработници во изградбата на заедницата со заедничка иднина на човештвото. На крајот, посакувам пријателството помеѓу Кина и Северна Македонија да биде вечно и просперитетно – изјави амбасадорот Ѕуо.

Градоначалникот Георгиевски се заблагодари за донацијата од 310 таблети кои според него, ќе бидат од големо значење за учениците особено сега во состојба на пандемија, кога наставата во поголем дел учениците ја следат од дома и што ќе им излезат во пресрет на децата од социјално – ранливите категории.

– Вашиот чин е само уште една потврда за добрата соработка меѓу двете земји и за вашите заложби кон нашиот народ, особено кон нај младите. Нашата соработка како општина со Народна Република Кина очекувам да продолжи и во други области – изјави Георгиевски.

Кинескиот амбасадор покажа и интерес и за новата индустриска зона, која ќе нуди можност за лесна индустрија и комерцијални објекти и посочи дека општина Гази Баба ја гледа како идна локација за нови инвестиции на кинески компании.

Поврзани содржини