КИНА ТЕСТИРА БОМБАРДЕР СО ДОСТРЕЛ ОД 12.000 КИЛОМЕТРИ Се спрема ли нова војна во Тихиот Океан?

Првиот лет на новиот авион го најави шефот на кинескиот центар за тестирање на авиони, Ге Хепинг. Според достапните информации, тој ќе има дострел од околу 12.000 километри што е доволно за изведување акции против цели во Австралија или на западниот брег на САД.

538

Кина се подготвува да започне со тестирање бомбардер за кој се вели дека е од „историско и стратешко значење“. Медиумите во земјата шпекулираат дека станува збор за бомбардерот Х-20, кој е граден врз основа на дизајн од американскиот Б-2, пишува Б92.

Тестирањето на новиот авион доаѓа веднаш по лансирањето на најголемиот воен брод во историјата на Кина, носачот на авиони од класата „003“, како и низа ризични маневри во Пацификот. Се спрема ли напад врз Тајван?






12.000 километри за полн погодок

Првиот лет на новиот авион го најави шефот на кинескиот центар за тестирање на авиони, Ге Хепинг. Според достапните информации, тој ќе има дострел од околу 12.000 километри што е доволно за изведување акции против цели во Австралија или на западниот брег на САД.

Но, постои и поморска битка. Кина неодамна во Пацификот пушти нов носач на авиони, долг речиси 300 метри, опремен со катапулти за лансирање и хидраулични јажиња за запирање на леталото. Кога ќе биде завршен, „Фуџиан“ или „003“ ќе биде, според американските воени аналитичари, „најголемиот и најмодерниот“ носач на авиони изграден надвор од САД.

Јапонија возвраќа, тука се и САД и Тајван

Речиси во исто време, Јапонија го испрати на патрола „Изумо“, поранешен носач на хеликоптери, кој во согласност со новата воена стратегија на Токио беше претворен во носач на авиони. „Изумо“ го следеше кинескиот носач на авиони и предизвика гнев во Пекинг. Потоа на кинеските бродови им се придружи и јапонскиот „Лиаонинг“, повторно носач на авиони.

– Не ни требаат специјални фотографи од јапонски бродови и авиони – изјави портпаролот на кинеското Министерство за одбрана.

 

Кинезите 60 пати „зуеле“ над Северна Кореја

Лансирањето на новиот носач на авиони и најавата за промоција на стратешкиот бомбардер се совпадна со низата ризични потези на кинеската, руската, американската и јапонската морнарица во Пацификот.

Серијата блиски средби меѓу кинеските и тајванските авиони во изминатите неколку недели некако ги засени поплаките на канадските власти, кои тврдат дека од крајот на декември кинеските борбени авиони „зуеле“во водите околу Северна Кореја и тоа во најмалку 60 наврати.

Поврзани содржини