Кина се пофали дека 4 месеци нема смртни случаи од ковид-19

274

Кинеските здравствени власти соопштија дека во последните четири месеци не починал ниту еден хоспитализиран пациент со коронавирус.

Претставникот на Националната здравствена комисија, Гуо Јанхонг, изјави дека тоа е најсилниот доказ дека кинеското искуство, методите и стратегиите во лекувањето на коронавирусот се добри, и ја пофали стратегијата на Кина во спречувањето на ширењето на ковид-19, објави Си-Ен-Ен.






На 14 април кинеската Национална здравствена комисија последен пат пријави смрт од коронавирус, кога беше регистриран еден смртен случај во покраината Хубеи, се гледа од податоците на веб страницата на Комисијата.

Поврзани содржини