КИНА ПРЕГОВАРА СО ИРАН Бара кинеските танкери да бидат пропуштани во Ормускиот Теснец
Кина е голем купувач на иранска нафта и ги осуди израелските и американските напади врз Иран.
Кина преговара со Иран за да се овозможи безбедно минување на бродовите што превезуваат сурова нафта и катарски гас низ Ормускиот Tеснец, објавија британските медиуми, повикувајќи се на анонимни извори.
Разговорите се одржуваат на седмиот ден од војната меѓу Израел, САД и Иран.
Стотици бродови се закотвени околу каналот, клучен воден пат за околу една петтина од светската нафта и гас, што ги зголеми цените на енергијата.
Ројтерс и Блумберг наведуваат податоци од следењето на бродовите што покажуваат дека танкер што се претставувал како кинески вчера поминал низ теснецот.
Кина е голем купувач на иранска нафта и ги осуди израелските и американските напади врз Иран.