Кина спремна за војна, гради 110 лансирачи за нуклеарни ракети

Не се луди Кинезите, тие ги тераат САД да таргетираат многу силоси кои можеби се празни, изјави експертот за оружје Ханс Кристенсен за „Тајмс“.

509

Дури 110 подземни силоси за лансирање на нуклеарни ракети во моментов гради Кина во отворениот простор на пустината, јавува Футуризам повикувајќи се на „Њујорк тајмс“. Американците го дознале ова преку сателитски снимки, на кои се гледа како уште минатиот месец биле конструирани 119 силоси во градот Јумен во северозападна Кина.

Дали овие нови кинески бази се за одбрана, за напад, или само за да ги збунат своите пријатели од другата страна на Тихиот Океан, останува да видиме.






– Не се луди Кинезите, тие ги тераат САД да таргетираат многу силоси кои можеби се празни – изјави  експертот за оружје Ханс Кристенсен за „Тајмс“.

Дали со ова Кина сака да биде во чекор со Русија, која неодамна се пофали со своите хиперсонични и автономни оружја? Тоа е една можност, според Кристенсен. Засега силосите во кои би требало да се подготвуваат ракетите само зјаат празни. Се смета дека во нив ќе се чува балистичката ракета DF-41, која има домет од 15.000 километри, во што влегува добар дел од територијата на Америка. Но, бројката на ракети (110) е мала, ако ја споредиме со фактот дека Русија и САД заедно имаат 11.000 нуклеарни глави.

Познавајќи го фактот дека Кина во времето на Си Џинпинг веќе еднаш употреби сајбер-оружје за да ги спречи протестите во Хонг Конг во 2019 и во 2020 година за автономијата на овој регион, а полицијата уапси многу цивили, меѓу кои и студенти – сите опции се отворени.

Поврзани содржини