КИНА ПЛАНИРА ДА ГО ОСВОИ ТАЈВАН БЕЗ БОРБА Еве како може да го направи тоа

Кинезите веќе година дена ги блокираат сите поморски и воздушни линии на Тајван, константно надлетуваат над небото, а на Тајван му преостанува да ги тренира своите резервисти со помош на америчката војска и во случај на напад, да возврати со испукување ракети длабоко во континентална Кина, за да го смени фокусот на играта.

1,405

Народноослободителната армија на Кина би можела да ги блокира сите пристаништа, аеродроми и воздушни коридори на Тајван со што би го отсекла островот од каква било американска логистичка помош, велат тајванските воени аналитичари. На тој начин Кина би победила без да се конфронтира со САД, а единствената одбрана би било Тајван да испука ракети со долг дострел длабоко во територијата на континентот, пишува Јутарни.

Кинезите неслучајно надлетуваат над островот. Во последната година тие дури 554 пати упаднале во „сивата зона“ на противвоздушна одбрана. Станува збор за серија агресивни потези насочени кон исцрпување на Тајван, сметаат воените експерти.






– Американските трупи се на островот, а кинеската закана расте од ден на ден – потврди претседателот на Тајван.

Кој прв ќе го блокира Тајванскиот теснец и од која страна?

Кинеските ракети се побрзи од американските

Во меѓувреме, Кина брзо ги развива своите ракетни сили за да ги одврати непријателските бродови да работат на 800 наутички милји од брегот на Кина. Пекинг поседува балистички противбродски ракети DF-21D, таканаречени „убијци на носачи на авиони“ и развива хиперсонични конвенционални ракети, за кои се верува дека е тешко да се соборат од противвоздушната одбрана на американската борбена група. Дур да бидат лоцирани од Американците, ракетите веќе би предизвикале сериозна штета на носачите на авиони и другите клучни бродови.

„Кинеските акции, насочени кон заплашување, ги исцрпуваат воените ресурси на Тајван и го нагризуваат моралот на тајванските сили. Тие имаат за цел да го променат статус-квото во Тајванскиот теснец за на крајот „да го окупираат Тајван без борба“, се тврди во анализата на Министерството за одбрана.

фото: Јутјуб/принтскрин  Кинеската хиперсонична ракета која ја обикола планетата, може да ја менува траекторијата

Тајван ќе постави мински полиња и ќе обучува резервисти

Кинеската Народноослободителна Армија, во меѓувреме, забрзано работи на модернизирање на своите вооружени сили за развој на способности за проекција на сила и „да стекне превласт во можните воени операции против Тајван и да стекне ефективни способности за одвраќање странски сили, што претставува сериозна закана за нашата национална безбедност“, се вели во извештајот.

Затоа, Тајпеј планира да ги засили своите планови за асиметрично војување за да го направи секој кинески напад „што е можно поболен и тежок за Кина“. Дел од таа стратегија би биле ракетни напади со долг дострел на цели во континентална Кина, поставување на поморски мински полиња во крајбрежните области и интензивирање на обуката за нејзините резервисти.

фото: твитер, кинеска армија 

САД ќе проба да го блокира теснецот, додека Кинезите надлетуваат

Тајванскиот претседател Цаи Инг-вен кон крајот на минатиот месец потврди дека непознат број американски војници моментално се на островот, спроведувајќи воени вежби со вооружените сили на Тајван и помагајќи во обуката на локалните војници.

Иако САД одбиваат официјално да потврдат дали би биле подготвени воено да го бранат Тајван во случај на кинески напад, Вашингтон само вети дека ќе обезбеди оружје и опрема. Претседателот Џо Бајден минатиот месец рече дека САД ќе му помогнат на Тајван во случај на напад.

Во случај на планирана кинеска инвазија на Тајван, американската морнарица би можела да го блокира тајванскиот теснец и да го блокира патот на можните кинески десантни бродови, принудувајќи ја Кина да го ескалира конфликтот со САД.

Поврзани содржини