Паника ја зафати кинеската провинција Внатрешна Монголија, откако властите наредија втора блокада поради бубонската чума, два дена по првата блокада. Цели села се затворени, јавува британски Експрес.
Еден човек починал во регионот Бајанур, поради повеќекратно откажување на органите, откако се заразил со смртоносната болест. Властите ги следеле движењата на човекот во неговото село, го затвориле селото и спроведуваат опсежна епидемиолошка истрага. Ова е второ село ставено во карантин во последните неколку недели.
Во минатиот четврток друго лице почина од бубонската чума, во соседниот град Баоту. Здравствените власти во овој град објавија дека еден селанец починал од откажување на циркулаторниот систем поради инфекција со бубонска чума.
Причината за ваквите екстремни мерки во Кина е фактот што бубонската чума е многу заразна и често фатална болест. Светската здравствена организација предупреди дека смртноста од оваа болест, доколку не се лекува, изнесува од 30 до 100 проценти. Доколку болеста се лекува, најчесто со антибиотици како стрептомицин, гентамицин и диоксицилин, смртноста е околу 10 отсто.
Бубонската чума ја предизвикана заразена болва која обично живее на глодари. Бактеријата yersinia pestis влегува во домаќинот преку залак и патува до најблискиот лимфен јазол за да се реплицира. Лимфниот јазол отекува најчесто под мишката во големина во грутка наречена бубон.
Во светот годишно се јавуваат околу 650 случаи од оваа болест, најчесто во Африка, при што 120 умираат. Но, после пандемијата со коронавирусот, која еруптираше во Кина, секоја лоша вест од оваа земја го вознемирува целиот свет.