КИНА ОТКРИ НОВИ ЗНАЧАЈНИ НАОЃАЛИШТА НА РЕТКИ МИНЕРАЛИ Проценетата количина е 9,6 милиони тони

Покрај ретките земни минерали, на истата локација се потврдени големи наоѓалишта на флуорит и барит, проценети на 27,135 милиони и 37,228 милиони тони, што ги става во категоријата на исклучително големи наоѓалишта.

55

Кина откри нови наоѓалишта на ретки земни минерали, вклучувајќи флуорит и барит, во покраината Сечуан, објави Министерството за природни ресурси.

„Значајни нови наоѓалишта на ретки земни минерали се потврдени во рударската област Маониупинг во округот Мијанинг“, објави подружница на China Rare Earth Group.






Количината на новооткриените минерали се проценува на 9,666 милиони тони, при што количината е изразена во форма на оксиди, што е стандарден начин за мерење на вакви минерали во рударската индустрија.

Експертите истакнуваат дека откритието претставува важен придонес кон стратешките резерви на ретки минерали на Кина, но е и пример за успешно истражување на длабоки и маргинални наоѓалишта во геолошки сложени области.

Покрај ретките земни минерали, на истата локација се потврдени големи наоѓалишта на флуорит и барит, проценети на 27,135 милиони и 37,228 милиони тони, што ги става во категоријата на исклучително големи наоѓалишта.

Флуоритот е клучна суровина во голем број сектори, вклучувајќи ја воздухопловната, фармацевтската и електронската индустрија, машинското инженерство и нуклеарната енергија, забележува Синхуа.
Баритот најчесто се користи во дупчењето за нафта и гас, но е важен и за хемиската индустрија, како и за хемикалии, полнење хартија и правење дијагностички слики во медицината.

Поврзани содржини