КИНА НЕ ГО ПРИФАЌА НАСИЛНИЧКОТО ОДНЕСУВАЊЕ НА ТРАМП Пекинг најави одбрана на правата по новите царини од 104%

Од Пекинг велат дека ако САД навистина сакаат да ги решат проблемите преку дијалог и преговори, треба да заземат „став на еднаквост, почитување и взаемна корист“.

159

Почнаа да пристигнуваат првите официјални реакции од Кина во врска со американските царини од 104 отсто воведени на кинески стоки.

– САД продолжуваат да ги злоупотребуваат царините за да вршат притисок врз Кина. Кина одлучно се спротивставува на тоа и никогаш нема да го прифати овој облик на насилничко однесување – рече портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Лин Џијан на денешната прес-конференција.






Тој додаде дека ако САД навистина сакаат да ги решат проблемите преку дијалог и преговори, треба да заземат „став на еднаквост, почитување и взаемна корист“.

– Кина ќе продолжи да презема решителни и ефективни мерки за заштита на своите права и интереси – рече Лин.

Поврзани содржини