Кина му забрани влез на известувачот на Европскиот парламент за Македонија, Илхан Ќучук

986

Известувачот од Европскиот парламент (ЕП) за Македонија Илхан, Ќучук, доби забрана за влез во Кина поради мешање во внатрешните работи поврзани со етничката заедница на Ујгурите и санкциите на ЕУ кон одредени кинески официјани лица, извести кинеското Министерство за надворешни работи.

Уште четворица европратеници се наоѓаат на оваа листа. Има и дипломати, институти и семејства на кои им е забрането да тргуваат со Кина. Ќучук, кој е член на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, беше меѓу иницијаторите за доделување на наградата „Сахаров“ на активистот за човекови права на Ујгурите, Илхам Токти.

Соединетите држави, Европската унија, Велика Британија и Канада во понеделникот воведоа санкции против кинеските власти за кршење на човековите права во Ксинџијанг, што е координирана акција на Западот против Пекинг во времето на новиот американски претседател Џо Бајден. Кина ги отфрла сите наводи за злоупотреба.

 

Поврзани содржини