КИНА ИСПРАЌА ВОЈНИЦИ ВО РУСИЈА НА ЗАЕДНИЧКА ВЕЖБА Ова е дел од договорот за соработка

Целта е да се продлабочи практичната и пријателска соработка со армиите на земјите учеснички, да се подобри нивото на стратешка соработка меѓу учесниците и да се зајакне способноста за одговор на различни безбедносни закани, се вели во соопштението на кинеското Министерство за одбрана.

284

Кинески војници ќе отпатуваат во Русија за да учествуваат во заедничка воена вежба со Русија и други земји, вклучувајќи ги Индија, Белорусија и Таџикистан, соопшти во средата кинеското Министерство за одбрана, пренесува Н1.

Учеството на Кина во заеднички вежби „не е поврзано со актуелната меѓународна и регионална ситуација“, се вели во соопштението на Министерството. Вежбите се дел од билатералниот годишен договор за соработка, беше речено.






Слични воени вежби предводени од Русија во кои учествуваше Кина беа одржани во последниве години.

„Целта е да се продлабочи практичната и пријателска соработка со армиите на земјите учеснички, да се подобри нивото на стратешка соработка меѓу учесниците и да се зајакне способноста за одговор на различни безбедносни закани“, се вели во соопштението.

Поврзани содржини