КИНА И РУСИЈА ЌЕ ГО ГРАДАТ ГАСОВОДОТ „СИЛАТА НА СИБИР 2“ Потпишан меморандум меѓу Гаспром и кинеската Национална нафтена корпорација
Вкупно 50 милијарди кубни метри гас годишно треба да течат преку нова рута од Западен Сибир директно до кинескиот пазар.
Во присуство на претседателите на Русија и Кина, Владимир Путин и Си Цинпенг е потпишан правно обврзувачки меморандум за изградба на гасоводот „Силата на Сибир 2“, заедно со транзитниот крак „Сојуз Исток“ низ Монголија, објави ТАСС.
Вкупно 50 милијарди кубни метри гас годишно треба да течат преку нова рута од Западен Сибир директно до кинескиот пазар.
Алексеј Милер, извршен директор на Гаспром, не се двоумеше да нагласи дека Кинезите добиваат гас кој претходно одеше кај европските клиенти.
– Врз основа на јавната изјава на лидерите на трите земји, беше потпишан меморандум за изградба на „Силата на Сибир 2“ и „Сојуз Исток“ – рече тој.
Во исто време, тој не пропушти да спомене дека капацитетот на далечноисточната рута, која сè уште е во развој, се зголемува од првично планираните 10 на 12 милијарди кубни метри годишно. Наместо договорените 38 милијарди кубни метри годишно, Кина ќе добива 39,9 милијарди во повторно пресметаниот еквивалент, што е за 1,9 милијарди повеќе од договореното.
Газпром и кинеската Национална нафтена коропорација – CNPC потпишаа 4 договори, вклучувајќи и договор за стратешка соработка. Ова практично значи дека се отвора простор за поширока врска помеѓу двете енергетски компании, не само по прашањето на гасоводите.
Засега не се знае точно кога ќе почне да се реализира проектот.