КИНА ГИ ПОВИКА САД ДА ЈА ПОЧИТУВААТ ЗАБРАНАТА ЗА НУКЛЕАРНИ ТЕСТИРАЊА Русија не верува дека почнува нова трка за вооружување

Пред средбата со кинескиот претседател Си Џинпинг во Јужна Кореја, американскиот претседател Доналд Трамп му нареди на своето министерство за војна веднаш да почне со тестирањето на нуклеарното оружје.

897

Кина денеска ги повика САД сериозно да ја почитуваат меѓународната забрана за нуклеарни тестирања, откако американскиот претседател Доналд Трамп објави дека му наредил на своето Министерство за војна веднаш да почне со тестирање на американското нуклеарно оружје.

– Кина се надева дека САД сериозно ќе ги почитуваат обврските од Договорот за сеопфатна забрана за нуклеарни тестови. Како и нивната обврска да забранат нуклеарно тестирање и да преземат конкретни мерки за зачувување на светскиот систем на нуклеарно разоружување и неширење на нуклеарното оружје, со цел да се зачува светската рамнотежа и стратешката стабилност – изјави портпаролот на кинеското министерство за надворешни работи, Гуо Џиакун, на редовната прес-конференција.






Кремљ, пак, не верува дека почнала нова рунда од трката во вооружување меѓу Русија и САД.

– Сè уште не – изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков на новинарско прашање дали изјавите на Трамп за почетокот на тестирањето на нуклеарно оружје може да се сметаат за нова рунда од трката во вооружување.

Договорот за забрана на нуклеарни тестови во атмосферата, во вселената и под вода беше потпишан во Москва на 5 август 1963 година, од претставници на СССР, САД и на Велика Британија.

Претходно денеска, пред средбата со кинескиот претседател Си Џинпинг во Јужна Кореја, претседателот Трамп му нареди на своето Министерство за војна веднаш да продолжи со тестирањето на нуклеарно оружје „на рамноправна основа“ со другите нуклеарни сили како што се Русија и Кина.

 

САД ИТНО ЌЕ ТЕСТИРААТ НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ Путин се пофали со „Посејдон“, Трамп издаде наредба до Министерството за војна

Поврзани содржини