Кина ќе воведе дигитален јуан за да ја замени готовината
Ова се случи откако пандемијата го забрза преминот од хартиени во дигитални пари.
Националната банка на Кина ги откри плановите за воведување дигитална валута која треба да биде подготвена за Зимските олимписки игри во 2022 година.
Ова се случи откако пандемијата го забрза преминот од хартиени во дигитални пари.
Веќе се спроведуваат ограничени проби во Шенжен и некои други градови во Кина, изјави гувернерот на централната банка, Ји Ганг.
Имено, тој им рече на новинарите дека кинеската влада планира да го има „тест-пилотот“ на Олимпијадата, иако сè уште нема официјален датум за воведување.
Неименуван член на Државниот совет информиран за проектот, изјавил дека владата е задоволна од резултатите од годинашните тестови и дека валутата „ќе биде воведена следната година“.
Дигиталниот јуан ќе биде поврзан со паметниот телефон на сопственикот, а трансакциите ќе се одвиваат преку апликацијата. Корисниците ќе можат да префрлаат пари со допирање на телефонот, слично како да разменуваат пари физички. Дигиталната валута ќе може да се разменува за друга валута без банката како посредник.
Обемот на трансакциите ќе биде ограничен врз основа на проверка на идентитетот. Самиот телефонски број ќе овозможи само мали трансакции, додека лимитот ќе се зголемува со доказ за идентитет или фотографија од дебитна картичка. Така, на пример, разговор со претставник на банка ќе може лично целосно да го отстрани ограничувањето.
Исто така, ова е погодно потенцијалните криминални активности да бидат откриени низ историјата на трансакциите.