КИНА ЕКОНОМСКИ ЌЕ ПОРАСНЕ КОЛКУ ТРИ АМЕРИКИ Илон Маск со смели предвидувања за иднината

Се приближуваме до ситуација кога кинеската економија би можела да биде два до три пати поголема од американската. Тоа е едноставно еден поинаков свет, рече милијардерот во онлајн-интервју, организирано од „Вол Стрит Журнал“.

615

Кинеската економија наскоро ќе биде два до три пати поголема од онаа на Соединетите Американски Држави, според Илон Маск, американски претприемач и основач на СпејсИкс.

Маск истакна дека беше „многу одамна“ кога САД беа најголемата економија во светот.






– Се приближуваме до ситуација кога кинеската економија би можела да биде два до три пати поголема од американската. Тоа е едноставно еден поинаков свет – рече милијардерот во онлајн-интервју, организирано од „Вол Стрит Журнал“.

Претприемачот додаде дека повеќето претставници на кинеската влада пораснале со чувство дека економијата на земјата е „мала“. Истовремено, Маск истакна неговата компанија за електрични автомобили „Тесла“ има добри односи со Кина.

– Не сакам да изгледам дека поддржувам сè што прави Кина, ниту ќе кажам дека поддржувам сè што прави САД или која било друга земја. Генерално, мислам дека се движиме кон интересен и нов свет. Не треба да заборавиме дека сите сме луѓе – потенцираше Маск.

Поврзани содржини