КИНА ЌЕ ИМ ВОВЕДЕ КОНТРА-САНКЦИИ НА САД Пекинг го обвини Вашингтон дека го разгорува пламенот во Украина
Мао потсети дека Кина го објави својот став во мировно решение кое предвдиува повлекување на двете страни. Таа го обвини САД дека го разгоруваат огнот во Украина.
Кина ќе преземе решителни контрамерки како одговор на американските санкции, соопшти кинеското Министерство за надворешни работи на прес-конференција.
– Ја осудуваме и отфрламе одлуката – рече портпаролката Мао Нинг одговарајќи на прашање за санкциите против кинеските компании, обвинети за „поддршка на Русија“.
На прес-конференцијата, портпаролката истакна дека Кина отсекогаш одржувала контакт и со Русија и со Кина. На прашање за плановите на украинскиот претседател Володимир Зеленски да разговара со кинескиот претседател Си Џинпинг, Мао рече:
– Кинеската позиција за украинската криза е конзистентна и многу јасна.
Таа потсети дека Кина го објави својот став во мировно решение кое предвдиува повлекување на двете страни. Мао го обвини САД дека го разгоруваат огнот во Украина.
– Ние активно ги промовираме мировните разговори и бараме политичко решение. Сепак, САД го разгоруваат пламенот и го поттикнуваат конфликтот со повеќе оружје – рече портпаролката во врска со војната во Украина, пренесува Синхуа.
Според неа, „тоа е отворена хегемонија и двоен стандард, како и апсолутно лицемерие“.
Истовремено, Кина деновиве беше обвинета од САД дека има намера да ѝ испорача оружје на Русија.
Коментирајќи ги американските наводи, шефицата на француската дипломатија Катрин Колона денеска во Женева изјави дека Пекинг треба да биде внимателен.
– Не е на мене да ги потврдувам изјавите на американските извори, но сепак би сакала да ве потсетам дека имаме причина да пренесеме порака за претпазливост до Кина – рече француската министерка на маргините на Конференцијата за разоружување и Советот за човекови права на ОН.
Колона објасни дека за тоа разговарала пред една недела во Париз со нејзиниот кинески колега Ванг Ји.