КИНА ЈА ЗАФАТИЈА ЖЕШТИНИ ВО МАЈ Измерени рекордни 43 степени Целзиусови

Меѓу градовите најпогодени од високите температури е Џенџоу, метропола со 13 милиони луѓе и главен град на централната провинција Хенан, каде денеска се регистрирани 41 степен Целзиусови, јави денеска државната телевизија ЦТВ.

80

Рекордни температури од над 40 степени се регистрирани оваа недела во Кина, јавија државните медиуми.

Кина во последните неколку години поминува низ екстремни временски услови од жештини до суши преку силни дождови и поплави.






Кина е прва земја во светот по емисија на стакленички гасови, но исто така е и огромен производител на обновлива енергија и се надева дека ќе достигне јаглеродна неутралност до 2060 година.

Меѓу градовите најпогодени од високите температури е Џенџоу, метропола со 13 милиони луѓе и главен град на централната провинција Хенан, каде денеска се регистрирани 41 степен Целзиусови, јави денеска државната телевизија ЦТВ.

Во местото Линџу, малку посеверно, температурата се искачи до 43,2 степени Целзиусови, додека во градот Шахеу, во северната провинција Хебеј се регистрирани 42,9 степени Целзиусови, соопшти националната метеоролошка служба.

Екстремните температури треба да паднат до петок, со нагли падови кои на места ќе бидат и за 15 степени Целзиусови.

Кина значително ги зголеми своите капацитети во енергија од ветер и сонце во последните години за да ја намали зависноста на својата економија од јаглен кој е многу загадувачки извор на енергија.

Сепак, според експертите, Кина доцни во однос на една од своите најважни цели за 2030 година, а тоа е намалување на интензитетот на јаглерод (емисии на јаглерод диоксид во однос на БДП) за 65 отсто во однос на 2005 година.

Растот на производството на енергија од обновливи извори во Кина доведе до намалување на емисиите на јаглерод диоксид во првиот квартал на 2025 година, иако силно расте побарувачката за струја.

Со своите нови капацитети за енергија од ветер, сонце и нуклеарна енергија, емисијата на јаглерод диоксид во Кина падна за 1,6 отсто на годишно ниво, според Лаури Миливирта, аналитичар во Центарот за истражување на енергија и чист воздух (CREA), истражувачки институт со седиште во Финска.

Кина минатиот месец објави дека нејзиниот капацитет за производство на енергија од ветер и од сонце во првиот квартал првпат го надмина производството на термоелектрани, што главно доаѓа од централи на јаглен.

Јагленот останува неопходен елемент во различните енергетски извори на Кина.

И покрај зајакнувањето на производството на енергија од обновливи извори, Кина во 2024 година почна со изградба на централи на јаглен со капацитет од 94,5 гигавати, што е 93 отсто од вкупното светско производство минатата година, според извештајот што во февруари го објавија CREA и телото Global Energy Monitor (GEM) со седиште во САД.

Кинеското производство на јаглен постојано расте во последните години и се зголеми од 3,9 милијарди тони во 2020 година на 4,8 милијарди тони во 2024 година.

Поврзани содржини