Кина ја одобри својата прва вакцина против коронавирус

Според пишувањето на италијанскиот дневен весник „Кориере дела сера“ кој се повикува на кинеската државна телевизија ККТВ, ова одобрување е чекор напред да се овозможи масовно производство на вакцината.

693

По Русија и Кина ја одобри својата вакцина против корона вирус. Оваа вакцина е развиена во соработка со комапнијата Кансино Биолоџикс и Институтот за биотехнологија при Академијата за воени-медицински науки.

Според пишувањето на италијанскиот дневен весник „Кориере дела сера“ кој се повикува на кинеската државна телевизија ККТВ, ова одобрување е чекор напред да се овозможи масовно производство на вакцината. Одобрувањето се случи уште на 11 август, но објавено е денеска. Кинезите сметаат дека одобрувањето е потврда за ефикасноста и сигурноста на вакцината.






Претстои трета фаза од тестирањето на вакцината која подразбира тестирање на голем број луѓе. Во првата фаза тестирана беше на неколку десетици доброволци, а во втората фаза на неколку стотици луѓе. Во третата фаза ќе се тестираат неколку илјади луѓе.

Италијанскиот весник потсетува дека 160 компании ширум светот во моментот работи на развој на вакцина против корона вирус. Американците и Британците најмногу напреднаа во развојот на вакцината, но за разлика од Русија и од Кина не објавија дека успеале да направат во целост безбедна и делотворна вакцина.

Поврзани содржини