Ким тврди дека седумгодишната Норт е авторка на убавата слика, критики од сите страни ФОТО

968

„Хејтерите“ веќе со денови не ја оставаат на мир старлетата Ким Кардашијан поради сликата што неодамна ја објави и за која тврди дека ја нацртала нејзината ќерка.

Ким се пофалила со уметничкото дело на нејзината ќерка Норт, а добар дел од нејзините следбеници на Инстаграм не веруваат дека седумгодишното девојче е навистина автор на сликата. Пред неколку дена, старлетата објави на инстаграм-стори како Норт позира со слика, а следуваа илјадници коментари на социјалните мрежи за способностите на девојчето, пишува „Индекс.хр“.






Ким сега ја објави сликата и на нејзиниот инстаграм-профил и истакна дека е горда на својата талентирана ќерка.

Поради сликата, таа неодамна се пресметала со нејзините следбеници кои ја исмејувале и оставиле негативни коментари.

„Не играјте си со мене кога се во прашање моите деца. Ќерка ми одеше на часови по сликарство и таму се охрабруваше и напредуваше во својот талент и креативност. Норт работеше неверојатно напорно на нејзината слика, ѝ требаа неколку недели да ја заврши Како горда мајка, сакав да го споделам нејзиното дело со сите“, напишала таа.

„Како се осмелувате да ги гледате децата кои прават одлични работи и потоа да ги обвинувате дека не се одлични? Престанете да се посрамотувате со негативноста и оставете го секое дете да биде одлично“, заклучила таа, а потоа додала дека нејзината ќерка го наследила талентот од својот татко.

.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kim Kardashian West (@kimkardashian)

Поврзани содржини