Ким Јонг-ун во критична состојба, се бори за живот

Претходно, јужнокорејските медиуми објавија дека на севернокорејскиот лидер на 12 април му била извршена операција на срце. Според неофицијални информации тој по операцијата е сместен во вила во Хујангсан и е под лекарска контрола.

1,383

Кина испрати свој лекарски тим во Северна Кореја бидејќи севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун е во тешка здраствена состојба, објавија дел од западните медиуми.

Додека јапонските медиуми објавија дека Ким е во „вегетативна состојба“ откако претходно му беше извршена операција  на срцето.






Јапонскиот весник „Јомиури шимбум“ повикувајќи се на неимнеувани извори  објави дека Северна Кореја подготвува план за непредвидени сличаи односно за пренесување на власта на помладата сестра на Ким, Ким Јо Џонг.

Претходно, јужнокорејските медиуми објавија дека на севернокорејскиот лидер на 12 април му била извршена операција на срце. Според неофицијални информации тој по операцијата е сместен во вила во Хујангсан и е под лекарска контрола.

Северна Кореја строго ги контролира информациите, посебно за Ким, кој во земјата има статус на божество.

Поврзани содржини