Ким Јонг Ун тајно ископувал и продавал песок, заработката е милионска
Како што пишува Си-Ен-ЕН, Ким Јонг Ун лани заработил најмалку 22 милиони долари од извоз на песок, бидејќи само од мај до декември минатата година биле извезени најмалку еден милион тони песок.
Северна Кореја во своето крајбрежје ископува песок, па кршејќи ги препораките на Обединетите нации (ОН), заработува милиони долари од продажбата на песокот, пренесува Си-Ен-Ен.
Аналитичарите Лукас Куо и Лорен Сунг забележале над 100 бродови ви водите кај пристаништето Хаеџ во Северна Кореја. Како што тврдат тие, Пјонгјанг продава во огромни количини на отворено море, со цел да ја одбегне царината која би ги активирала санкциите на ОН кон Северна Кореја.
„Наместо да ја префрлат робата во пристаништето, Севернокорејците наводно ја префрлаат робата од еден брод на друг и на тој начин го прикриваат нејзиното потекло“, пишува Си-Ен-Ен.
Според медиумот, ваквите трансфери од брод на брод, зависно од тоа што се продава, можат на Ким Јонг Ун да му донесат десетици милиони долари.
Но, бродовите не носеле оружје, дрога, пари или алги, туку биле користени за ископување и транспорт на песок, иако на Северна Кореја ѝ е забрането да извезува земја, песок и камења.
Како што пишува Си-Ен-ЕН, Ким Јонг Ун лани заработил најмалку 22 милиони долари од извоз на песок, бидејќи само од мај до декември минатата година биле извезени најмалку еден милион тони песок.