КИМ ЈОНГ УН ЌЕ ИСПРАТИ ИЛЈАДНИЦИ ВОЈНИЦИ ВО РУСИЈА Нов бран помош од Северна Кореја за Путин

Секретарот на рускиот Совет за безбедност, Сергеј Шојгу, е во посета на Северна Кореја „во рамките на специјална мисија“ и најверојатно ќе се сретне и со севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун.

968

Северна Кореја ќе испрати илјадници припадници на инженеријата и деминери во Русија, најави денеска од Пјонгјанг секретарот на рускиот Совет за безбедност, Сергеј Шојгу.

Како што претходно јавија руските медиуми, Шојгу е во посета на Северна Кореја „во рамките на специјална мисија“ и најверојатно ќе се сретне и со севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун.






Шојгу во Пјонгјанг беше и на почетокот од месецот, кога оствари средба со Ким.

Северна Кореја испрати илјадници војници и големо количество конвенционално оружје, како поддршка на Русија во војната против Украина.

Поврзани содржини