Ким никаде го нема во јавност, стравува од ковид-19
Според податоците, Ким се појавил во јавноста само 19 пати во првите шест месеци, додека во претходните години неговото просечно појавување беше помеѓу 40 и 50 пати.
Лидерот на Северна Кореја Ким Јонг Ун се има појавено најмалку во јавноста во првата половина од оваа година, откако дојде на власт во 2012 година, стои во извештајот на корејскиот Институт за национално обединување.
Според податоците, Ким се појавил во јавноста само 19 пати во првите шест месеци, додека во претходните години неговото просечно појавување беше помеѓу 40 и 50 пати.
Тој се појави најмногу пати во 2013 година, кога во првите шест месеци се појавил дури 100 настапи.
Неговото отсуство во јавноста во мај оваа година предизвика шпекулации за неговото здравје.
Во извештајот се наведува и дека неговиот мал број на јавни настапи е поврзан со епидемијата на новиот вирус ковид-19, односно се верува дека тој избегнувал јавни настапи од страв од можна инфекција.
Во извештајот се наведува и дека Ким, најверојатно, ќе продолжи ретко да се појавува во јавноста во втората половина од годината, сè додека епидемијата не започне да се намалува.
Северна Кореја е една од ретките земји која што нема пријавено случаи на новиот коронавирус.