КИМ МУ ЧЕСТИТАШЕ РОДЕНДЕН НА ПУТИН Самоуверено се браниш од САД и нивните вазали

Денес Русија самоуверено го брани достоинството на државата и нејзините фундаментални интереси од предизвиците и заканите од САД и нивните вазални сили. Таква реалност е незамислива без вашето извонредно лидерство и силна волја, изјави Ким Џонг Ун.

261

Лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг Ун, испрати писмо до рускиот претседател Владимир Путин на неговиот 70-ти роденден во кое го пофали неговото лидерство против „предизвиците и заканите“ од Соединетите Американски Држави, објавија во петокот државните медиуми на Пјонгјанг, пренесе јужнокорејската агенција Јонхап, пишува Н1.

Во писмото, исто така, се пофалени „значајните достигнувања на Путин во постигнувањето на големата стратешка цел за изградба на моќна Русија“ преку неговите „енергични активности“, според Корејската централна новинска агенција(КЦНА).






– Денес Русија самоуверено го брани достоинството на државата и нејзините фундаментални интереси од предизвиците и заканите од САД и нивните вазални сили. Таква реалност е незамислива без вашето извонредно лидерство и силна волја – изјави Ким Џонг Ун.

Претседателот на Северна Кореја додал дека меѓусебната поддршка и соработка меѓу Пјонгјанг и Москва се „зајакнати како никогаш досега“ во борбата за развој на традиционалните билатерални врски според договорот постигнат на нивниот прв самит во рускиот град Владивосток на Далечниот Исток во 2019 година.

Со ова писмо Северна Кореја ги нагласува своите блиски врски со Русија во услови на замрзнати односи со Јужна Кореја и ќор-сокак во нуклеарните преговори со Вашингтон.

Поврзани содржини