Ким конечно проговори за психичкото здравје на Канје: Немоќни сме, тој е болен

1,662

По неколку дена молк, старлетата Ким Кардашијан проговори за нејзиниот сопруг Канје Вест и неговиот наводен нервен слом.

Како што изјавила, семејството е немоќно околу целата ситуација со Канје, а тој е генијален, но комплициран.






Ким додала дека зборовите на Канје понекогаш не се поклопуваат со неговите намери. Нејзиниот сопруг вчера изјави дека се обидува да се разведе од неа откако таа се видела во хотел со раперот Мик Мил.

„Тие кои ги разбираат менталните болести или компулсивното однесување знаат дека семејството е немоќно освен ако станува збор за малолетник. Знам дека Канје е предмет на критики зашто е јавна личност, а неговите постапки предизвикуваат силни емоции и размислувања. Тој е генијална, но е комплицирана личност, која со притисок да биде уметник во темна кожа чувствува болка поради губењето на мајка си и се справува со притисокот на изолацијата интензивиран со неговото биполарно нарушување. Оние што се блиски до него ја знаат неговата душа и сфаќаат дека неговите зборови понекогаш не се поклопуваат со неговите намери“, напишала Ким.

Таа истакна дека лицето мора да бара помош самостојно, а не семејството и пријателите наместо него.

„Жвеењето со биполарно нарушување не ги намалува неговите соништа и креативноста, без оглед на тоа колку се големи и неостварливи им изгледаат на другите. Тоа е дел од неговата генијалност за која сме сведоци, бројни негови соништа се остварија“, нагласила таа.

FOTO: Instagram

Поврзани содржини