🎥 КИМ КАРДАШИЈАН ВО КУЛТНАТА КРЕАЦИЈА НА АЛЕКСАНДАР МЕКВИН За својот 45-ти роденден риалити ѕвездата се почести со вила од 7 милиони
Риалити ѕвездата Ким Кардашијан го прослави својот 45-ти роденден во Париз, а за таа пригода избра винтиџ фустан од Живанши од 1997 година, во стилот на грчка божица. Тој е дел од колекцијата „Search for the Golden Fleece“ создадена од Александар Меквин, а фустанот првично го носеше моделот Наоми Кемпбел.
Риалити ѕвездата Ким Кардашиан за прославата на својот 45-ти роденден во Париз ја избра култната креација од Александар Меквин. Станува збор за винтиџ фустан од Живанши од 1997 година, во стилот на грчка божица. Тој е од колекцијата „Search for the Golden Fleece“ која ја создаде креаторот Александар Меквин, а фустанот првично го носеше моделот Наоми Кемпбел.
Она што го прави посебен е златниот корсет што наликува на оклоп и белото драпирано здолниште. Кога излезе од автомобилот што ја донесе на роденденската забава, златниот корсет едвај ги задржа бујните облини на риалити ѕвездата, која го криеше својот поглед од папараците.
Ким ја комплетираше својата роденденска комбинација со златни потпетици и драматична шминка, а косата ја стилизираше во уредна пунџа. На црвениот тепих ја придружуваше нејзината мајка Крис Џенер, која носеше фустан од 1990-тите, од брендот Оскар де ла Рента.
Ким Кардашијан за својот 45-ти роденден се почести со раскошен подарок – вила која се наоѓа веднаш до нејзиниот имот во Јужна Калифорнија. Таа потрошила огромни 7 милиони долари за новото проширување на својот имот во близина на Лос Анџелес.
Kim Kardashian is seen arriving at her 45th birthday party in Paris, France.
pic.twitter.com/Jb25ow1MDE— 📸 (@metgalacrave) October 21, 2025